Top Sport

Како понатаму за Јоаким Лев и неговиот „маншафт“?

Јоаким Лев се соочува со најголемата криза во неговата 12-годишна работа како селектор на Германија по засрамувачкиот 3:0 пораз од Холандија, кој претставува прв триумф на „лалињата“ над Германија по 16 години.

Виргил ван Дајк им донесе водство на Холанѓаните во првото полувреме, пред во финишот на мечот Мемфис Депај и Георгинио Вајналдум да ги довршат на „Јохан Кројф арената“,  по што „маншафт“ е на последното место во Лигата на нации и мораат да избегнат пораз од светските шампиони Франција во Париз во вторник по испаѓањето по групи на СП во Русија. Лев знае дека притисокот е голем.

„Да, сфаќам дека има дебата околу мојата иднина и мораме да се соочиме со тоа. Следните два дена, меѓутоа, ќе се фокусирам на мечот во Париз и нема да зборувам јавно, иако е нормално тоа да се прави. Мораме да покажеме карактер против Франција и да го добиеме реваншот против Холанѓаните или одиме долу. Имавме шанси, но немавме самодоверба и се распаднавме на крајот“, вели Лев.

Лев веќе беше под притисок откако поранешниот германски капитен Михаел Балак изјави дека е изненаден што тој остана селектор по Светското првенство.

Фото: ЕПА

Холанѓаните ја зголемија мизеријата на германската репрезентација (видео)

Scroll to Top