Top Sport

Како Роналдо го „прати“ Смолинг назад во Манчестер (видео)

Крис Смолинг досега ги воодушеви фановите на Рома со својата стабилна игра во одбраната, по што „волчицата“ најверојатно ќе му го откупи договорот од Манчестер јунајтед, но во дуелот со Кристијано Роналдо во неделата, Англичанецот не се прослави.

Јуве стигна до 2:1 победа за да се врати на првото место на табелата во Серија А, но на Интернет вирално стана видеото во кое се гледа како Роналдо успева да го помине англискиот дефанзивец, а успорената снимка најдобро го покажува тоа.

Scroll to Top