Евертон ја острани маичката за продажба преку нивната онлајн продавница, откако навивачите забележаа дека на сликата има навивачи на ривалскиот клуб Ливерпул, и тоа на славната „Коп“ трибина.
Со фотографијата која е направена на мечот меѓу Ливерпул на големиот Бил Шенкли против Лидс на 28 април 1969 година, Евертон постави сина позадина и лого на клубот. Уште позачудувачки, никој од тимот не забележал дека има и знаме на Ливерпул на маичката. Според англиските медиуми за изработка на маичките била ангажирана надворешна компанија и во управата на тимот се бесни.
Грешката уште повеќе ќе го „зачини“ Мерсисајд дербито во третото коло на ФА купот следниот петок, кога Ливерпул ќе го „нагостат“ Евертон само четири недели по 1:1 ремито во Премиер лигата.