Top Sport

Каков кикс! Српскиот голман Лукач им подари победа на Галатасарај (видео)

Галатасарај успеа да го оддржи темпото со Башакшехир во борбата за титулата во турската Суперлига, а овојпат треба да се заблагодари на искусниот српски голман на Акхисар, Милан Лукач, кој во последните секунди од мечот направи неверојатен кикс.

Во 95. минута од мечот, кога изгледаше дека мечот е завршен, по една навидум наивна топка кон шестнаесетникот на Акхисар, гостинскиот голман реши да излезе на топка, која потоа доаѓа до Костас Митроглу, кој без проблем ја уфрли во голот за свој прв гол откако пристигна како засилување за славниот турски клуб.

Со победата, Галата останува на шест поени од изненадувањето на сезоната, Истанбул Башакшехир.

Scroll to Top