Top Sport

Каков Роналдо и Чоло! Топрак навистина ги покажа мадињата (видео)

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне сакаше да им ги покаже мадињата на навивачите на неговиот клуб, а ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо го повтори гестот по хет-трикот кој го даде против Атле, за што двајцата се пред дисциплинската комисија на УЕФА, но во Турција еден фудбалер отиде чекор подалеку.

Дефанзивецот на Санлиурфа Генчербирлиги, Махмут Онур Топрак за време на мечот со Сиверек Беледијеспор во аматерската турска лига, реши буквално да им ги покаже мадињата на ривалските навивачи.

Двата тима се борат за пласман во повисок ранг, но Санлиурфа најверојатно ќе мора без Топрак подолго време, откако турската федерација најави истрага.

Scroll to Top