Top Sport

Каква е ова пријателска? Џо Гомез му скрши лакт на фудбалер на Штутгарт

Шампионите од Премиер лигата, Ливерпул вчера го одиграа првиот подготвителен меч пред новата сезона, победувајќи ги Штутгарт со 3:0 со головите на Роберто Фирмино, Наби Кеита и Рајан Брустер, но Џо Гомез очигледно го сфати мечот пресериозно откако му го скрши лактот на Ерик Томи.

Во 29. минута од мечот, двајцата имаа силен дуел, иако во основа изгледаше како Гомез со рамо сакаше да го „сруши“ својот противник, кој излета во рекламните таблоа.

Томи веднаш бил однесен на операција и се очекува да паузира шест до осум недели.

Scroll to Top