Top Sport

Каква мајсторија на Роберт Левандовски! (видео)

Во квалификацискиот меч за Евро 2020 помеѓу Австрија и Полска во Виена немаше голови во првите 45 минути, но Интернетот полуде по потегот на Роберт Левандовски.

Напаѓачот на Баерн Минхен најмногу е познат по неговиот убиствен инстинкт пред голот, но овојпат покажа дека е и „магионичар“ со топката, кога го сака тоа. Прво тој фантастично ја смирува топката, а потоа со „лажен поглед“ го мами и противникот. Фантастично!

Инаку, Лева и Полска се во нашата квалификациска група за Евро 2020!

Scroll to Top