Top Sport

Каква мајсторија на „старата школа“ – Робен ги „збудале“ Бенфика (видео)

Арјен Робен можеби има 34 години, а неговите Баерн Минхен се во продолжена криза, но Холанѓанецот уште еднаш покажа зошто е мајстор на фудбалската топка на дуелот со Бенфика од Лигата на шампионите.

По фантастичниот слалом против речиси цел португалски тим, Робен постигна фантастичен гол за водство на Баерн веќе во 13. минута.

Но ако тоа не беше доволно, тој зголеми на 2:0 по половина час игра, со уште една демонстрација на неговиот квалитет. Роберт Левандовски погоди за 3:0, резултат кој сигурно го носи гигантот од Баварија во осминафиналето на ЛШ.



Scroll to Top