Паузата што ја предизвика пандемијата со вирусот КОВИД-19 фудбалерот на Тотенхем Сон Хјонг-мин ќе ја искористи за служење на воениот рок. Воениот рок во Јужна Кореја трае 21 месец, меѓутоа Сон како заслужен спортист ќе служи само четири недели. Напаѓачот беше дел од репрезентацијата која го освои златниот медал на Игрите на Азија во 2018 година.
Сон воениот рок ќе го служи на островот Јеј, каде ќе им се приклучи на маринците. Обуката подразбира учење на борбени вежби, како и хемиски, биолошки и нуклеарни вежби,односно програма за НБХ одбрана.
Исто така Сон ќе работи на детекција и превенција на последиците од напад со атомско оружје.
Ќе учествува и на 30 километарски марш под полна воена опрема, а покрај ракувањето со оружје ќе биде изложен и на солзавец.