Top Sport

Калдерон: Приказните за замена Роналдо-Нејмар се „замајување“ на фановите

Шпекулациите за можна замена на Кристијано Роналдо со Нејмар е „будалест“ обид да се тргне вниманието на фановите на Реал Мадрид на лошата сезона, вели поранешниот претседател на „кралскиот клуб“, Рамон Калдерон.

По саботниот домашен пораз од 0:1 од Вилјареал, Мадрид остана на 16 поени зад Барселона, по што се појавија шпекулации дека „Лос бланкос“ се подготвени да дозволат Роналдо да замине за да го донесат Нејмар назад во Шпанија. Заинтересираност на Реал за Нејмар трае подолго време, но тешко е да се верува дека ПСЖ би се согласил на ваков „дил“. Калдерон вели дека ова е лоша тактика.

„Пуштете приказна дека сте подготвени да го смените Кристијано за Нејмар за да ја прикриете кризата во тимот и лутината на фановите. Ова е будалетс потег и само ќе ја наруши хармонијата во тимот. Има уште многу фудбал за играње оваа сезона и не е убаво да се покажува со прст кон Роналдо, фудбалерот кој може да ги извади од оваа ситуација“, напиша Калдерон на Твитер.

Реал немаат победа во Ла лига од 9 декември, кога со 5:0 ја „здробија“ Севилја – оттогаш загубија со 3:0 од Барселона на „Бернабеу“, ја победија  Нумансија во Копа дел Реј, одиграа нерешено со Селта и загубија од Вилјареал.

Нејмар пак, има 11 гола и 10 асистенции во 14 натпревари во Лига 1, а Роналдо има четири гола и две асистенции во исто толку натпревари во Лига 1.

Scroll to Top