Top Sport

Каљари го победи Кротоне во гол-шоу на Сардинија

Каљари повторно успеа да одигра возбудлив меч во Серија А, победувајќи ги новаците во елитата Кротоне со 4:2, со што малиот клуб останува на еден освоен поен во пет кола, интересно против шампионот Јувентус.

Жуниор Месиас донесе водство за гостите во 21. минута, но Каљари експресно одговори во 25. минута преку Харалампос Ликојанис, пред Џовани Симеоне во 35. минута да го комплетира пресвртот.

Кротоне успеа да израмни во 43. минута преку Салваторе Молина, но само две минути подоцна Рикардо Сотил пак ги донесе Каљари во водство. Жоао Педро во 85. минута стави точка на победата на Каљари, втора едноподруго.

Scroll to Top