Top Sport

Каљари ја прославува 50-годишнината од единственото скудето

На 12 април 1970 година, Каљари ја обезбеди својата единствена титула италијански шампион, со 2:0 победата над Бари на „Амискора“, и денеска градот ја прослави 50-годишнината од историскиот успех.

Славната генерација на „Рособлу“ го обезбеди скудетото на два меча пред крајот на сезоната 1969/70, и претседателот на клубот Томасо Џулини во интервју за „Скај спорт Италија“ вели дека сите уште ја сонуваат истата „бајка“.

„Ова е прекрасен ден за сите нас, се сеќавам дека тоа беше најубавата бајка која мојот татко ми ја раскажуваше како дете иако не разбирав многу работи. Тој тим на Каљари беа група на пријатели со неверојатна хемија“, вели Џулини за „Скај спорт Италија“.

Поранешниот италијански репрезентативец и европски шампион од 1968 година, Џани Рива беше ѕвезда на тој тим и во декември 2019 година беше прогласен за почесен претседател на клубот.

Scroll to Top