Каљари и Беневенто, во пладневниот термин, го отворија 16.коло во Серија А. Гостите од Беневенто ги однесоа бодовите од Сардинија со победата од 2:1.
Беневенто со пресврт, во интервал од само три минути, ја обезбедија победата. Головите ги постигнаа Соу во 41. и Туиа во 44.минута. Претходно Каљари имаа предност од 20 минута со голот на Жоао Педро.
Каљари натпреварот го заврши со играч помалку, поради исклучувањето на Нандез. Уругваецот во 84.минута са само десетна секунди, поради жестоки протести доби два жолти картони.
Беневенто сега имаат 21 бод и се на 10 место, додека Каљари остана на скромни 14 поени. Екипата од Сардинија има забележано само три победи од почетокот на сезоната.