Top Sport

Калливото сараевско дерби за „Жељо“ (видео)

Железничар стигна до 2:1 победа над Сараево во градското дерби во 16. коло на Премиер лигата на Босна и Херцеговина, ко се одигра денеска на катастрофалниот терен на „Грбавица“ откако во неделата беше откажан поради силен снег.

Во 113. пресметка меѓу лутите ривали, Сараево ја имаше првата голема шанса, кога по центаршут на Хабибовиќ, македонскиот интернационалец Крсте Велкоски се најде во одлична шанса, но се излизга на лошиот терен. Железничар дојде во водство во 24. минута преку Горан Закариќ, кој излезе сам пред голманот Павловиќ за славје на домашните навивачи.

Тимот на тренерот Адмир Аџем беше подобар во второто полувреме, доминирајќи во играта, пред во 75. минута, кога Рамовиќ добива одлична топка од Закариќ за водство од 2:0. До крајот на мечот, Сараево успеа да се врати пред Рахмановиќ во 85. минута.

Со победата „Жељо“ се израмни со 35 поени со лидерот Зрињски по 16 кола, додека Сараево е на четвртото место со шест бода помалку.

Фото: Klix.ba

Scroll to Top