Англискиот репрезентативец и играч за врска на Манчестер сити, Калвин Филипс би можел да го засили Њукасл.
Англиските медиуми истакнуваат дека Њукасл е најконкретен во преговорите со Филипс, кој претходно беше поврзуван со Вест Хем, но и со бројни премиерлигаши.
Исто така, не е невозможно Филипс да замине на позајмица до крајот на сезоната, кога Њукасл и Манчестер сити ќе преговараат за потенцијален откуп.
Филипс не е задоволен од својата минутажа, особено што не играше многу кога Родри заработи суспензија од три натпревари поради црвениот картон против Нотингем Форест.
Тој сака да ја претставува Англија на Европското првенство во 2024 година и затоа е неопходно редовно да игра, а се чини дека Њукасл за него би бил идеална дестинација.