Младиот француски фудбалер Едуардо Камавинга (17) ја одбил да се пресели во Реал Мадрид. Камавинга на француските медиуми им потврдил дека ќе остане во Рен.
„Имам договор и за наредните две сезони, што значи дека и оваа сезона ќе играм за Рен“, рекол Камавинга.
Овој фудбалер е жалба на речиси сите врвни европски клубови, а скаутите му предвидуваат блескава кариера.
Според „Трансфермаркт“ ова 17 годишно момче, во моментов, на фудбалскиот пазар вреди 37,5 милиони евра.
Минатата сезона Камавинга за Рен одиграл 36 натпревари, постигнал еден гол и забележал две асистенции.