Талентираниот фудбалер од средниот ред на Реал Мадрид, младиот Французин Едуардо Камавинга вели дека неговите колеги Лука Модриќ и Тони Крос имаат огромно влијание на неговиот развој, велејќи дека може да научи многу од искусните ветерани.
Камавинга пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ во 2021 година, и во првата сезона беше клучен играч од клупа за тимот на Карло Анчелоти, освојувајќи ја титулата од Ла лига и од Лигата на шампиони.
„Лесно е во Мадрид, бидејќи од првиот ден сите беа пријателски расположени. Уживам да живеам во Мадрид, поради времето и луѓето. За мене тоа беше целосно нов свет. Во Рен бев популарен ирач, но нема споредба со сегашните услови. Дури и кога одам во странство лужето ме познаваат. Научив многу од Модриќ и Крос. Прво за позицијата на која играат и за вештините кои се потребни, но и од тоа што го прават надвор од теренот. Да останеш и по тренинзите, да се одмориш вистински, тие се работи кои се исто толку важни. Карло Анчелоти постојно зборува со фудбалерите, а посебно внимание обрнува на нас, помладите. Без разлика дали сум стартер или влегувам од клупата, тој ми дава многу голема доверба“, вели Камавинга.