Top Sport

Каменуван автобусот на Рома

Рома синоќа во Фиренца доживеа тежок пораз од Фиорентина 7:1, во четврт-финалето во италијанскиот Куп. Еден од најпопуларните италијански клубови шести пат во историјата успеа да прими седум гола на еден натпревар.

Навивачите тешко го примија овој пораз и прашање е кога ќе го заборават. Агенцијата АНСА јави дека синоќа група од 50 навивачи фрлале со разми предмети по клупскиот автобус. Полицијата уапсила двајца хулигани.

Претходно полицијата ги блокирала улиците од аеродромот до „Олимпико“, по кои се движел автобусот с играчите.

Истиот извор објави дека утрово, пред тренингот на првиот тим, полицијата го блокирала делот од градот каде се наоѓа тренинг центарот на Рома.

Претставници на навивачите по дебаклот во Фиренца побарале состанок со главните во спортскиот сектор Мончи и Франческо Тоти и со капитенот Даниеле Де Роси, меѓутоа од полицијата не дозволиле состанокот да се одржи.

Тренерот Еузебио ди Франческо им се извинил на навивачите за катастрофата против Фиорентина. Извинувањето не е доволно, бидејќи тие сакаат тренерот да поднесе оставка.

Од клубот се уште не се огласиле во јавноста. Единствено Мончи рекол дека доколку клубот побара да замине од функцијата дека ќе ја почитува одлуката.

Scroll to Top