Top Sport

Каменуван автобусот на Вердер (Видео)

Хандејхам не успеа да направи историски успех и да се пласира во Бундеслигата. Во реванш натпреварот од баражот за пополнување на Бундеслигата Ханденхајм и Вердер одиграа 2:2. Екипата од Бремен избори опстанок бидејќи првиот меч заврши без голови.

Навивачите на Хајденхајм по натпреварот не можеа да се помират со фактот дека нивниот тим и наредната сезона ќе игра во Цвајта па ги нападнале играчите на Вердер кои славеле пред стадионот.

Најпрвин започнале да истураат пиво врз нив, а потоа со каменици го нападнале автобусот на Вердер.

„Кикер“ пишува дека врз автобусот паднале многу камења и стаклени шишиња, поради што речиси сите прозори на автобусот биле искршени.

Полицијата објави дека биле уапсени неколку хулигани, а се наведува дека едно лице со повреди на главата било хоспитализирано.

 

Scroll to Top