Top Sport

Каменуван автомобилот на сопругата на Икарди

Како што пренесуваат италијанските медиуми, навивачите на Интер го каменувале автомобилот во кој била сопругата на Мауро Икарди, Ванда Нара. Наводно инцидентот се случил во близина на стадионот „Џузепе Меаца“.

Во автомобилот Ванда била со своите деца. За среќа во инцидентот никој не бил повреден.

Навивачите ја обвинуваат Ванда Нара за лошата форма на Икарди. Пред неколку дена клубот му ја одзеде капитенската лента, а потоа тој одбил да патува со екипата во Виена, на натпреварот со Рапид во Лига Европа.

Инаку, Ванда Нара е и менаџер на својот сопруг и таа ги води преговорите околу евентуалното потпишување на новиот договор.

Scroll to Top