Top Sport

Камерун има фантастичен нов дрес

Најновиот дрес на камерунската репрезентација, денеска претставен од „Пума“, е навистина импресивен.

Во боите на камерунските национални бои (зелено, црвено и жолто), дресот исто така има одличен мотив на „разјарен лав“.

Промоцијата беше уште подобра, откако германската компанија го ангажираше легендарниот камерунски фудбалер, Роже Мила, кој ги учеше камерунските играчи да го повторуваат неговиот препознатлив танц.

Роже Мила е еден од првите африкански фудбалери кои станаа интернационални ѕвезди, посебно по Светското првенство во 1990 година во Италија, кога помогна Камерун да стане првата африканска земја со пласман во четврт-финалето. Следното првенство во 1994 година во САД, тој стана најстариот стрелец во историјата на СП (на 42 години) со гол против Русија. Тој остана познат и по својот танц покрај корнер-знаменцето по постигнатите голови.

Scroll to Top