Top Sport

Кампос признава дека ПСЖ згрешиле што во ист период ги купиле Мбапе и Нејмар

Новоименуваниот спортски директор на Пари Сен-Жермен, Луис Кампос признава дека клубот згрешил што ги купил Килијан Мбапе и Нејмар во ист преоден рок, оценувајќи дека во тимот на некои позиции има премногу квалитетни фудбалери, додека на други има јасни недостатоци.

Оваа изјава доаѓа по низата несогласувања меѓу двете фудбалски мега-ѕвезди и наводната меѓусебна нетрпеливост која уште повеќе се зголеми откако Мбапе реши да го продолжи договорот со клубот и му се даде огромна плата и слобода во францускиот шампион. ПСЖ го шокираше фудбалскиот свет кога го купи за рекордни 222 милиони евра Нејмар од Барселона, за веднаш потоа да се договорат за трансфер на Мбапе од Монако во 2017 година.

„Направивме грешка во минатото со ангажирање на двајца фудбалери на иста позиција. Преодниот рок за нас не беше добар бидејќи ни недостасуваат играчи на клучни позиции, а од друга страна имаме повеќе избор на други позиции“, вели Кампос.

Scroll to Top