Канада го прекина постот долг три децении и успеа да забележи победа над САД. Канаѓаните во КОНКАКАФ Лигата на нации славеа во дуелот со Американците со 2:0.
Натпреварот Канада го реши во последните 30 минути. Играчот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис го постигна првиот гол во 63 минута, а точка на натпреварот стави Лукас Кавалини во 91 минута.
Канаѓаните по 34 години 17 натпревари успеаја да ја победат Америка. Тие со три победи од исто толку натпревари се први во групата во која САД имаат три бода од два натпревари, а Куба е последна без освоен бод.