Top Sport

Канаваро: Лацио нема доволно силен тим за скудето

Поранешниот дефанзивец на Јувентус и Наполи, Фабио Канаваро ги испофали резултатите на Лацио оваа сезона, но смета дека нивниот тренер Симоне Инзаги едноставно нема доволно силен тим меѓу фудбалерите на клупата за да го заддржи темпото со Интер и Јувентус оваа сезона.

Вистински тест треба да биде дуелот со Интер во недела, меч за кој Канаваро вели дека ќе ги покаже сите слабости на „бјанкочелестите“.

„Тие имаат фантастичен напаѓач во Чиро Имобиле и одличен креативец во Луис Алберто, а и одбраната им е солидна. Но, нивниот тим едноставно нема доволно длабочина на клупата и не верувам дека ќе го изддржат темпото. Директниот дуел со Интер ќе ни даде на сите одговор до каде може да оди Лацио“, вели Канаваро во интервју за „Ла газета дело спорт“.

Неговиот поранешен тим Наполи имаше бурна сезона во која го сменија Карло Анчелоти со поранешниот колега на Канаваро од репрезентацијата, Џенаро Гатузо.

„Рино Гатузо завршува добра работа, но ситуацијата во клубот е компликувана. Не знам зошто се загуби интензитетот на тој тим. По 15 години ова е прва ’пропадната’ сезона под водство на претседателот Де Лаурентис. Не треба да се драматизира, туку да се работи“, вели Канаваро.

Scroll to Top