Top Sport

Канаваро раскина со кинески Гвангжу

Италијанскиот фудбалски тренер Фабио Канаваро (48) го раскина договорот со кинески Гвангжу кој осумпати беше шампион на земјата, објавија денеска кинеските медиуми.

Канаваро кој беше капитен на италијанската фудбалска репрезентација која во 2006 година стана светски шампион го предводеше Гвангжу до шампионската титула во 2019 година.

Тоа му беше вториот тренерски мандат на клупата откако го предводеше тимот и во 2014/2015 година.

Медиумските написи се дека местото на Италијанецот на клупата ќе го заземе екс-капитенот на Кина – Женг Жи.

Моментно првенството на Кина е во прекин поради репрезентативните обврски на земјата во траење од три месеци, за квалификациите за СП 2022.

Првенството продолжува на 1. ноември годинава.

Scroll to Top