Фабио Канаваро е најверојатниот заменик на Пауло Соуса на клупата на полската репрезентација, откако Португалецот „дезертираше“ пред баражот за пласман на СП против Русија за да стане тренер на Фламенго.
Според „Скај спорт Италија“, поранешниот дефанзивец на Наполи и на италијанската репрезентација, Канаваро веќе имал контакт со полската федерација и ќе продолжи со преговорите во Краков.
Тој би потпишал двегодишен договор и веднаш му следува пеколен меч против лутиот ривал Русија во март. Канаваро се пензионираше во 2012 година, по што работеше како тренер во Ал-Али, Гуангжу Евергранде, Ал-Наср, Тијанџин Куанџијан и кинеската репрезентација за само два меча во март и април 2019.
.@pzpn_pl, terminato l'incontro con Fabio Cannavaro: sensazioni positive https://t.co/XYWPmwYJgn
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) January 8, 2022