Top Sport

Канчелскис: Бев благословен што играв со Кантона

Андреј Канчелскис вели дека имал голема привилегија што играл покрај Ерик Кантона во Манчестер јунајтед, бидејќи тој имал сè што е потребно – визија, техника, страст…

Утре се одбележува 25-годишнината од дебито на Кантона за Јунајтед како замена во 2:1 победата над Манчестер сити на „Олд Трафорд“. Енигматичниот Французин дојде од Лидс јунајтед и го предводеше тимот до низа упеси во 1990-тите – четири титули од лигата и две ФА куп титули.

Русинот Канчелскис дојде во Јунајтед во 1991 година и беше стандарден соиграч на Кантона пред да влезе во конфликт со Сер Алекс Фергусон и да замине во Евертон во 1995 година.

„Имав голема среќа што играв покрај Кантона. Кога дојде во Манчестер сите забележавме бргу дека се работи за играч со навистина поинаков стил. Тој беше многу умен, со фантастична техника, добра визија и најдобро додавање што сум го видел. Тој секогаш беше одличен кон мене. Имав среќа што играв со добри играчи во Манчестер, во Евертон и во Италија, но Ерик беше посебен“, изјави Канчелскис при промоција на својата автобиографија „Руски зими – приказната за Андреј Канчелскис“.

Scroll to Top