Top Sport

Кандрева демантира дека плукал кон навивачите (видео)

Антонио Кандрева вели дека не плукал во правец на навивачите на Интер, откако неговиот тим одигра 0:0 со Лацио на „Сан Сиро“ во саботата.

Домашните фанови го исвиркаа италијанскиот репрезентативец, а откако тој не успеа да ја задржи топката во игра, тој плкукна кон фановите по што опцу. Иако на прв поглед не изгледа дека плукањето е насочено кон фановите, поранешниот играч на Лацио мораше да се извини.

„Некои работи за кои се пишуваше морам да ги демантирам. Играчите плукаат многу на теренот, но тоа не значи дека плукаш кон некого, уште помалку кон фановите. Пцуев бидејќи бев лут. Сакав да го разјаснам тоа и да додадам Форца Интер“, напиша 30-годишниот Кандрева.

Scroll to Top