Габонецот Гелор канга ја напушти Црвена звезда и кариерата ќе ја продолжи во Чешка, во Спарта Прага.
Канга, чии договор со белградскиот клуб истекуваше во јуни годинава, претходно одби четири понуди на Спарта и една од турскиот прволигаш Генчлербирлиги.
Габонецот стана член на Црвена звезда во 2016 година кога на „Маракана“ пристигна од руски Ростов.
Финансиските детали за трансферот не се познати.