Top Sport

Кањизарес и навивачите против Гатузо: Тој е син на Жорге Мендеш

Иако Валенсија уште официјално не го потврди Џенаро Гатузо како нов тренер, тој беше предмет на навреди на социјалните мрежи, а легендарниот поранешен голман на клубот, Сантијаго Кањизарес го нарече „син на Жорге Мендеш“ во видео објавено на Јутјуб.

44-годишниот Гатузо наводно потпишал двегодишен договор со Валенсија откако го посети газдата на клубот Питер Лим во Сингапур заедно со неговиот агент, Мендеш. Гатузо наводно дал листа на играчи кои клубот треба да ги купи ова лето, сите клиенти на Мендеш, што беше главна причина за неговото заминување од Фиорентина по само две недели, откако италијанскиот клуб го одби овој план.

„Гатузо е син на Мендеш, кој работи заедно со агентот за да креира модел за еден тим. Ако тој биде тренер на Валенсија, нема да има спортски погледи кон клубот. Дали е праведно еден агент да контролира цел клуб преку тренерот?“, вели Кањизарес.

Во исто време, дел од навивачите на Валенсија на Твитер почнаа кампања со хештегот #NoGattuso.

Scroll to Top