Top Sport

Кансело многу блиску до Манчестер сити

Манчестер сити и Јувентус се блиску до договор за трансферо на десниот бек Жоао Кансело на „Етихад“, тврди порталот „Гол“.

Кансело би можел да стане првото засилување за тимот на Пеп Гвардиола, кој пак е подготвен да го пушти Данило да потпише за друг клуб. Португалецот би ги чинел Сити 60 милиони евра, но англискиот клуб се надева дека ќе помине поевтино – околу 50 милиони евра плус бонуси.

И Манчестер јунајтед покажале интерес за Кансело, но досега не дале понуда и наместо на Португалецот се фокусирале на Арон Ван-Бисака од Кристал палас.

Од друга страна 27-годишниот Данило во двете сезони во Манчестер не успеа да се наметне во првиот тим и има неколку понуди од Европа

Scroll to Top