Фудбалерот на Челси Нголо Канте ќе биде еден месев отсутен от тимот поради повредата која ја доби во раната фаза од натпреварот со Манчестер Јунајтед. Во понеделникот Јунајтед го победија Челси во Лондон со 2:0, а Канте теренот го напушти по само десет минути.
Повредата на Канте е кулминација на проблемите сео кои се соочува тренерот Френк Лампард, чии играчи играат во катастрофално лоша форма.
Канте, во понеделникот, го повредил адукторот. Лекарите прогнозираат дека му претстои пауза од еден месец.
Тоа значи дека тој ќе ги пропушти осмина-финалните натпревари против Баерн во Лигата на шампионите и дерби дуелите против Тотенхем и Ливерпул во Премиер лигата.
За канте ова е трета повреда од почетокот на сезоната. Инаку тој на листата на повредени играчи им се приклучи на Тејми Абрахам, Кристијан Пулишиќ, Рубен Лофтус-Чик и Марко ван Гинкел.