Челси ќе го почнат својот летен тренинг-камп во САД без Н’Голо Канте и Рубен Лофтус-Чик, откако двајцата не ги исполнуваат условите за влез во Соединетите Американски Држави, односно не се вакцинирани против КОВИД-19. Поради истата причина, српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ нема да може да го игра последниот гренд слем од сезоната, САД опен.
Челси во саботата отпатуваа за Америка пред мечевите против мексиканскиот Клуб Америка во Лас Вегас, Шарлот ФЦ во Северна Каролина и Арсенал во Орландо.