Фудбалерот на Челси Нголо Канте кариерата ќе ја продолжи во Серија А, тврди „Калчомеркато“.
Тренерот на „сините“ Френк Лампард рекол дека за сума од 60 милиони евра францускиот репрезентативец може да го напушти клубот.
Според „Калчомеркато“ Интер и Челси биле блиску до постигнување на договор. Претставниците на клубовите требало да „испеглаат“ уште неколку ситни детали пред Канте да се пресели на „Џузепе Меаца“.
Интер веќе се засили со Ашраф Хакими. За трансферот на десниот бек Интер на Реал му плати 40 милиони евра, а според медиумите во Италија клубот во понеделник ќе го потврди трансферот на талентираниот Сандро Тонали од Бреша.