Top Sport

Канте не сака во Реал, убаво му е во Челси?

Н’Голо Канте би сакал да остане во Челси и покрај тоа што шпанските медиуми веќе го „преселија“ во Реал Мадрид, бидејќи е сосема задоволен од својата позиција во лондонскиот клуб.

Канте пропушти дури 20 од 42 меча на Челси оваа сезона по низата повреди на бутниот мускул, коленото и скочниот зглоб, и неговото место го пополнија Матео Ковачиќ и Жоргињо, а во исто време Били Гилмур и Рубен Лофтус-Чик ја чекаат својата шанса.

Тренерот на Реал, Зинедин Зидан долго време го следи својот сонародник и според шпанските медиуми гледа во него замена за Касемиро, но 29-годишниот Канте не би прифатил да седи на клупата и е сосема задоволен што е најплатениот фудбалер на Челси со 290.000 фунти неделно.

Тој има уште три години од договорот со клубот од „Стемфорд бриџ“, а во минатото ја одби понудата од Пари Сен-Жермен, бидејќи не сака да се врати во својот роден град поради легалните проблеми кои ги има со поранешните агенти.

Scroll to Top