Top Sport

Канте не тренира – исплашен е од коронавирусот

Нголо Канте не тренирал со своите соиграчи, добил дозвола од клубот да остане дома. Францускиот репрезентативец бил исплашен од корoнавирусот.

Канте во вторникот се појавил во клубот, бил тестиран на коронавирусот. Иако неговиот тест и тестовите на соиграчите биле негативни тој рекол дека не се чувствува безбедно. Од клубот му дозволиле да не доаѓа на тренинзите.

Челси не соопшти кога Канте ќе започне да тренира со соиграчите.

Канте пред две години колабираше на тренингот пред своите соиграчи. Тогаш прегледите покажале дека нема срцеви проблеми. Инаку од инфаркт, пред почетокот на СП во 2018 година, почина неговиот брат Ниамх.

Scroll to Top