Top Sport

Кантона: Манчестер јунајтед може до титулата!

Легендата на Манчестер јунајтед, Ерик Кантона побара од составот на Жозе Мурињо да верува во свотие квалитети и да оди на титулата од Премиер лигата, и покрај тоа што повеќето експерти ги отпишаа „ѓаволите“, кои вечерва во 21 часот ја почнуваат сезоната со дуел со Лестер сити.

Трансфер-активноста на „Олд Трафорд“ не влеа многу надежи кај навивачите, откако во тимот дојде Бразилецот Фред и младиот португалски дефанзивец Диого Далот, а наводниот дефицит во одбраната не се реши со трансфер во последен час.

Но, времето за зборови е поминато, и Кантона верува дека може да има позитивна сезона за Јунајтед во која ќе се донесе прва домашна титула од 2013 година.

„Овој викенд почнува Премиер лигата ,а Манчестер јунајтед го играат првиот натпревар. Верувам во фудбалерите, сега тие треба да веруваат во самите себе. Сигурни сме дека можеме да ја освоиме титулата оваа година. Ајде Јунајтед!“, порача Кантона на Инстаграм.

We are confident.

A post shared by Eric Cantona (@ericcantona) on

Scroll to Top