Поранешниот играч на Ливерпул Џејми Реднап, кој работи како коментатор и колумнист, смета дека во кариерата играл пртив многу подобри играчи од Ерик Кантона.
„Тој имаше неколку големи моменти во Премиерлигата, едноставно беше поинаков. Остави длабока трага во Манчестер Јунајтед, навивачите се уште го обожуваат. Можеби некој ќе ми се смее, но јас играв против многу подобри играчи од него. Кантона не може да биде во иста лига на пример со Тиери Анри“, рекол Реднап за „Скај Спортс“.
Кантона со Лидс и Манчестер Јунајтед освоил седум големи трофеи, а во пензија замина во 1999 година пред Анри да дојде во Арсенал. Тиери Анри со Арсенал освоил две шампионски титули во Премиерлигата.
Кантона во Премиерлигата одиграл 156 натпревари, постигнал 70 голови, додека Анри на 258 натпревари постигнал 175 голови.