По шестото место во Премиер лигата минатата сезона и огромната разлика во поени меѓу Манчестер јунајтед и шампионите Манчестер сити и големите ривали Ливерпул, многу навивачи на „ѓаволите“ би се задоволиле со топ 4 пласман и враќање во Лигата на шампионите во 2019/20.
Но, поранешната ѕвезда на тимот, Ерик Кантона, очигледно не мисли така. И покрај тоа што самиот менаџер Оле Гунар Солскјер најави напорно градење на нов тим, Кантона на Инстаграм прати јасна порака.
Со папагал на раката, легеднарната „седумка“ на Јунајтед прати јасна порака: Повторувајте по мене, Јунајтед ќе биде шампион оваа сезона.
View this post on Instagram
Please repeat after me: « United will be champion this year! » @manchesterunited