Top Sport

Капело бил импресиониран од Барселона

Легендарниот италијански тренер, Фабио Капело, бил импресиониран од изданието на Барселона против Јувентус. Барса, во второто коло во Лигата на шампионите, победи на теренот на Јувентус со 2:0.

Капело не можел да разбере како е можно меѓу овие два тима да пости толку голема разлика во квалитетот.

„Вчудоневиден сум колкава е разликата помеѓу еден од најдобрите тимови во Италија, кој се наоѓа во процесот на реконструкција и екипата која пред неколку дена беше поразена во Ел Класико“, рекол Капело.

„Бев шокиран од разликата во интензитетот и од вкупните перформанси. Барселона навистина ме импресионираше, можеа да постигнат и осум голови. Видов агресивен тим, видов многу динамика на теренот“, заклучи пензионираниот тренер.

Scroll to Top