Top Sport

Капело: Да не беше „Калчополи“, јас и Ибрахимовиќ уште ќе бевме во Јувентус

Легендарниот италијански тренер Фабио Капело го опиша Златан Ибрахимовиќ како „фудбалер-менаџер“ во Милан, и инсистираше дека двајцата уште би биле во Јувентус доколку не се случеше големиот скандал во италијанскиот фудбал, „Калчополи“.

Капело и Ибрахимовиќ работеа заедно во Јувентус од 2004 до 2006, првото искуство на Златан во Серија А по заминувањето од Ајакс, кога Капело го снабди Швеѓанецот со видеа од Марко ван Бастен за да го научи како да се движи на теренот.

„Во Јувентус тој го подобри чувството за натпреварување и стана подобар играч. Без ‘Калчополи’, тој и јас ќе останевме таму. Сега, тој стана фудбалер-менаџер. Можеби не е истиот спортист кој беше претходно, но неговото искуство е непроценливо“, вели Капело во интервју за „Ла газета дело спорт“.

Капело и Ибрахимовиќ си заминаа од Торино по „Калчополи“ во 2006, кога Јувентус беше пратен во втората лига првпат (и засега единствениот) пат во својата историја. Ибра потпиша за лутите ривали Интер, кои ја добија титулата од 2005/06, која им беше одземена на Јувенутс.

Scroll to Top