Top Sport

Капело го спореди Дибала со Савичевиќ и Дел Пиеро

Во интервју за италијанска „Газета дело Спорт“ легендарниот фудбалски тренер, Фабио Капело зборуваше за аргентинскиот ас од Јувентус, Пауло Дибала. Истакна дека тој има се за да биде на највисоко ниво.

„Пауло има се за да биде шампион. По мене, тој може да игра со Мората и Роналдо и сите би биле задоволни“ нагласи Италијанецот.

Стратегот го спореди Аргентинецот со екс-фудбалерот на Црвена Звезда и Милан, Дејан Савичевиќ.

„Дибала ме потсетува на Савичевиќ, а има сличности и со Дел Пиеро. Сега, би рекол, е на нивото на Хари Кејн“ – рече Капело.

Во Италија од поодамна се зборува дека Дибала не е задоволен од статусот во Јуве и сака да го напушти тимот од Торино. Капело, смета дека Добала и Роналдо би можело да функционираат одлично.

Scroll to Top