Top Sport

Капело: Малдини и Барези го правеа фудбалот убав

Легендарниот поранешен италијански тренер, Фабио Капело вели дека легендите на Милан, Паоло Малдини и Франко Барези покажуваа што значи убавина во фудбалот, каде што талентот не е најважен.

76-годишниот Капело ги предводеше Милан до четири италијански титули и трофеј од Лигата на пампионите, Реал Мадрид до две титуи од Ла лига и Рома до нивното трето скудето во историјата.

„Да се постигнуваат голови по три додавања, на пример е убавина во фудбалот. Убавината доаѓа и од тоа да извлечеш резултат со играчите кои ги имаш. И во фудбалските гении како Лео Меси, на пример. Но, за мене двајца фудбалери ја покажаа убавината на фудбалот – Паоло Малдини и Франко Барези, бидејќи сите тешки работи во фудбалот ги направија лесни. Имаа карактер и го покажуваа тоа пред своите навивачи. Тие беа симболи на Милан. Се зборува за талент за некои фудбалери кои го немаат. Тие кои го имаат талентот, мораат да имаата желба да успеат. Антонио Касано на пример, имаше бескраен талент, во последните 20 метри пред голот гледаше работи кои другите не можеа ниту да го забележта. Но, даде само 50 отсто и штета што не го видовме во неговиот најдобар фудбал“, вели Капело.

Scroll to Top