Италијанскиот фудбалски стратег, Фабио Капело за медиумите на „чизмата“ го коментираше ставот на Реал Мадрид минатата сезона да го продаде Кристијано Роналдо.
Славниот тренер кој своевремено беше на клупата на „Кралскиот клуб“ го гледа она што и целиот свет, но неговиот збор се чини и тоа како се цени во Мадрид.
Капело излезе со коментар за играта и резултатите на клубот сезонава.
„Можеби Реал е лош затоа што процениле дека и без Роналдо ќе имаат добри резултати. Тој е играч кој во секој момент може да му направи проблеми на противникот. Кога е тој во тимот сите противнички екипи се исплашени, а неговите соиграчи ослободени“ – вели Капело.