Top Sport

Капело: Наполи требаше да ги победи Ливерпул со 7:2

Легендарниот италијански поранешен тренер, Фабио Капело смета дека 4:1 победата на Наполи над Ливерпул не ја одразува вистинскси супериорноста на италијанскиот тим и посочува дека „вистинскиот резултат беше 7:2“.

Шокантниот триумф на Наполи на „Диего Арманддо Марадона“ дојде откако Наполи постигна три гола во првото полувреме, но утна уште две одлични шанси – Виктор Осимен утна пенал, а обидот на Хвича Хварацхелија беше изваден од гол-линијата од Виргил ван Дајк.

„Наполи имаат квалитет и тоа се покажа во текот на целиот меч. Овој Ливерпул нема ист интензитет како тимот кој победуваше во сите натпреварувања. Играта на Наполи беше фантастична, и 4:1 победа е малку нефер, винскиот резултат беше 7:2“, вели Капело.

Scroll to Top