Шпанските медиуми објавија дека група од искусни фудбалери на Атлетико Мадрид имале разговор со Лукас Хернандес, во намера да го убедат да остане во клубот. Наводно, Баерн Минхен, биле заинтересирани за 22-годишниот фудбалер.
Наводно тројцата капитени на Атлетико: Диего Годин, Коке и Антоан Гризман разговарале со Лукас, а неговиот одговор бил прилично ладен. Баерн наводно биле подготвени да ја платат клаузулата која стои во договорот на францускиот репрезентативец, а која изнесува 85 милиони евра.
Медиумите, исто така, шпекулираат дека Лукас веќе ги договорил личните услови со Баварците.
Лукас Хернандес, ова пред почетокот на Светското првенство во Русија, го продолжи договорот со Атлетико до јуни 2024 година.
Доколку овој трансфер биде реализиран, Лукас ќе стане вториот најскап дефанзивец во историјата на фудбалот. Пред него ќе биде само Вирџил ван Дајк.