Серхио Рамос не се откажал од намерата да го напушти Реал Мадрид, пренесуваат во петокот шпанските медиуми. Капитенот е во лоши односи со претседателот Флорентино Перез по елиминацијата на Реал од Ајакс, во Лигата на шампионите.
Иако со враќањето на Зинедин Зидан на тренерската позиција, односите меѓу Рамос и Перез се коректни, капитенот не бил убеден дека новите планови на претседателот ќе го вратат клубот на врвот во Шпанија и Европа.
Рамос имал две понуди, од Манчестер Јунајтед и ПСЖ. Двата клуба биле подготвени да му понудат висока годишна плата.
33 годишниот фудбалер во Реал заработува 12 милиони евра по сезона.
Инаку за наредната сезона Зидан како централни дефанзивци ги има Рафаел Варан и Едер Милитао кој од Порто пристигна за 50 милиони евра.