Фудбалскиот клуб Валенсија и капитенот на тимот Дани Парехо ја продолжија соработката. Парехо на „Месталја“ ќе остане до јуни 2022 година, а откупната клаузула во договорот изнесува 50 милиони евра.
Дани Парехо пред осум години во Валенсија пристигна од Хетафе за сума од шест милиони евра. Во меѓувреме одиграл повеќе од 300 натпревари.
29-годишниот фудбалер кариерата ја започнал во Реал Мадрид, меѓутоа за „кралскиот клуб“ не одиграл ниту еден натпревар. Во кариерата покрај за Хетафе и Валенсија играл и за Квинс Парк Ренџерс.