Во првиот „говор“ како капитен на Барселона, Лионел Меси ја постави границата високо оваа сезона, ветувајќи дека ќе направи сè да ја донесе титулата од Лигата на шампионите на „Ноу Камп“.
Барса последен пат беше шампион во ЛШ во 2015 година, по што три години во низа трофејот заминува кај најлутите ривали Реал Мадрид, нешто што сигурно не поминува добро во Каталонија.
„Имаме тим кој е возбудлив и засилувања кои се навистина силни. Лани победивме во Ла лига и во купот, но секако елиминацијата во ЛШ многу не болеше. Ветуваме дека ќе направиме сè што е во нашата можност да го донесеме тој прекрасен куп на стадионот“, изјави Меси.
Тој призна дека честа да биде капитен на Барселона оваа година не ја сфаќа несериозно.
„За мене тоа е огромна чест. Знам што треба да направиш за да бидеш капитен на овој тим и имам примери како Карлес Пујол, Чави и Андрес Иниеста“, додава Меси.