Top Sport

Капитенот на младинците на Арсенал во Динамо Загреб

Динамо Загреб без конкуренција најдобро работи од сите клубови на просторите на поранешна Југославија.

Хрватскиот шампион во зимскиот преоден рок го продаде во Лајпциг Шпанецот Дани Олмо. Доколку бидат исполнети сите клаузули во договорот Динамо од овој трансфер би можеле на крајот да заработат 50 милиони евра.

Олмо е академец на школата на Барселона, ла Масија, но како тинејџер пристигна во Загреб.

Поучени од примерот со Олмо, челниците повлекоа уште еден сличен потег, кој во иднина може да им донесе многу пари. Го ангажираа капитенот на младинскиот тим на Арсенал Роби Бартон.

Бартон има 20 години игра во редот за врска, а бил капитен на сите младински категории на „топџиите“.

Тој е капитен и на младата селекција на Велс, а во Англија го споредуваат со сонародникот Арон Рамзи и Сеск Фабрегас.

Scroll to Top